Данела Арсовска, независна кандидатка за градоначалник на Скопје денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов-Ченто, еден од основоположниците на современата македонска држава и првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ.

Со положување свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов-Ченто, еден од основоположниците на современата македонска држава и првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, на плоштадот Македонија, ова утро оддадов почит на борците од НОБ за сeта нивна пожртвуваност и заложби со цел да живееме во слободна и независна Македoнија.

Драги мои сограѓани, уште еднаш, нека ни е честит празникот 11 Октомври и да продолжиме да ги следиме идеалите за подобра Македонија, што ни ги оставија како аманет нашите предци!, вели Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.