Проблематичниот проект за воведување на БРТ превоз, акцијата за чистење на дивите депонии, катастрофалната финансиска состојба во која е оставен градот од претходната градска власт, како и лошата финансиска состојба на јавните претпријатија на градот беа дел од темите за кои градоначалничката Данела Арсовска разговараше на денешниот брифинг со новинарите.

Според неа покрај сите проблеми кои веќе се познати за самиот БРТ систем, кај него посебно проблематично е што е донесен без да биде изгласан од Советот на Град Скопје.

Морам да кажам дека она што го видовме тука, од аспект на решението кое што беше презентирано во јавноста како нешто револуционерно, не само што не е револуционерно, туку е и на штета на граѓаните на градот Скопје. Пред се затоа што за тој БРТ превоз, нема одлука од Советот на Град Скопје, порача Аросвска.

Таа најави дека се работи на реорганизација на ЈСП и дека за две години целосно ќе се реализира проектот за бесплатен јавен превоз за граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.