Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во синоќешното гостување во „Само интервју“ на телевизија Канал 5 на прашањето на водителот дали тврдењата дека таа има бугарски пасош ќе останат само на нејзиниот збор против зборот на СДСМ, таа вели дека не се откажала од „почнување постапка“.
Јас мислам дека мојот збор повеќе тежи. Искрено. Јас пред граѓаните ветив програма која целосно ќе ја реализирам. Кажав дека имам намера да ги преземам сите мерки, за сите работи кои беа искажани во текот на кампањата кои не беа вистинити. Имам намера тоа да докажам. Постапките се отпочнуваат и сега не сакам да говорам за да не наштетам, вели Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.