Припадници на АРМ пред малку влегоа во кругот на Фабриката „Охис“ во Скопје.
Како што јавува „Сител“, токсична материја метил акрилат се излеала внатре во фабриката при чистење на контејнер. Хемикалијата не е запаллива но, може да предизвка гушење и штипење на очите.
Попладнево во фабриката „Охис“при преточување на цистерна неконтролирано почнала да истекува токсичната материја.
За хаваријата е известена полицијата која прави координација со сите институции кои имаат соодветна опрема за да се справат со хавријата. Се организира која екипа има сооодветна опрема за да може безбедно да интеренира. Засега нема информации дали ќе се врши евакуација на локалното население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.