Не стивнува јавното препукување меѓу скопскиот градоначалник Петре Шилегов и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Двајцата веќе неколку дена се расправаат за паркирањето и за Пајак-службата на Град Скопје, откако пред некој ден било подигнато возилото на Апасиев.
Лидерот на Левица денеска на Фејсбук напиша дека ист член од законот до пред една година бил толкуван различно кога паркинг местата на жителите во една зграда се во прашање.
Тој му упати и неколку навреди на скопскиот градоначалник, нарекувајќи го „несреќа скопска“ и „пијандура непрокопсана“.
„Несреќо скопска. Па шо не кажуваш во јавност дека ист член од закон, до пред година дена си го толкувал на еден, а сега на друг начин – нормално, на штета на граѓаните! Така, за купено паркинг место во зграда, на скопјани си им наплаќал 5 отсто ДДВ, а сега одеднаш им наплаќаш 18 отсто, без притоа да има никакви законски измени во меѓувреме!? Или, еве, да ти нацртам: за паркинг кој чини 2.000 евра, наплаќаш неверојатни 20.000 денари данок. Дали си ти нормален бе, пијандуро една непрокопсана?“, напиша Апасиев на Фејсбук.
А бе ШИЛЕЏЕ, несреќо скопска.
Па шо не кажуеш у јавност дека ист член од закон, до пред година дена си го толкувал на…
Posted by Димитар Апасиев on Thursday, 11 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.