Антикорупциска од градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ денеска ќе ја побара целата документација околу дозволата за градба и проектот за „Холидеј Ин“, дознава Телма. Антикорупционерите ќе ги истражуваат сите детали поврзани со дозволата и проектот за кој е издадена.

Вчера Богдановиќ потврди дека барањето на инвеститорот  е правосилно и нема пречки да почне да се гради првата од трите висококатници на едниот од трите плаца на паркингот спроти Холидеј Ин.

Со овој случај Антикорупциска и претходно се занимаваше, а дури упати и апел до невладините организации да прават посериозен притисок врз властите за на некој начин да се спаси таа локација од преголема бетонизација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.