За жителите на Кисела Вода достапен е еколошки прашалник, а врз основа на нивните одговори општината ќе ги предвиди активностите во областа на животната средина во наредните шест години.
Kои се десетте приоритетни проблеми за решaвање од областа на животната средина? Кои се двете главни причини кои негативно влијаат на животната средина во Општина Кисела Вода? Ова се дел од прашањата од анкетниот прашалник на кои жителите на Општина Кисела Вода можат да одговорат со цел учествуваат при изготвувањето на Локалниот еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП).
Личните видувања за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, каде ги гледаат причините за нивното настанување, ќе бидат добар показател при мапирањето на приоритетните еколошки проблеми и изнаоѓањето на соодветни краткорочни и долгорочни мерки за нивно разрешување. Токму затоа упатуваме јавен повик до нашите жители, претставниците на приватниот и јавниот сектор да одвојат време за да одговорат на поставените прашања и да дадат свој придонес при креирањето на, како највисок локален стратешки документ за Општина Кисела Вода за заштита, планирање и управување со животната средина во наредните шест години.
Анкетата можете да се поплни на следниов линк https://rb.gy/3sqizi, или може да се појде во најблиската месна заедница и да се пополни во печатена форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.