Скандалозно е тоа што се проектирале и се започнало со изградба на мостови без да се решат клучните прашања кои што се однесуваат на експропријација и имот на приватни земјишта. Па овие мостови сега завршуваат во нечии приватни двор и приватни куќи без да има решение инфраструктурно за овие проблеми, рече Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашања за обвинувањата на СДСМ.
За БРТ, како што го нарече Андоновски проект без проект, посочи дека станува збор за мегаломански проект кој е недоволно испланиран, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таков начин ан раководење со градот.
Што се однесува до БРТ се покажа дека проектот е без проект односно не се предвидени уште од најверојатно дупло повеќе трошоци кои што би ги имал градот при изградба на ваков проект, затоа што не е продевидено како ќе се изгради мостот од Карпош кон Влае, не е предвидено како ќе се реши водоснабдувањето на Скопје. Не се предвидени како ќе се срушат овие паркови кои што постојат веќе во Градот Скопје и како ќе се предвидат нови сообраќајни решенија кои што ќе одат кон БРТ. Овие проекти се мегаломански, недоволно исланирани, а за нив веќе се земени кредити. Ние таквиот начин на раководење со градот нема да го дозволиме во иднина, вели Андоновски.
СДСМ реагираше:
Неспособната Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ наместо да бара алиби да се фати за работа
Тотална неспособност покажува Данела Арсовска во првите два месеци од мандатот.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да се фатат за работа секојдневно бараат алиби за нивната неспобност.
Прекинат проект за Бас рапид транзит, прекината изградба на два моста, поништен оглас за вработување на пожарникари, Скопје во сообраќаен хаос, тоа е „успесите“ на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ во првите два месеца.
Дури и градоначалници од нејзината коалиција се жалат на неспособноста на Арсовска.
ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покрие неспособноста на Арсовска со лажни податоци.
Не се точни пласираните информации за долгот, тоа е уште една лага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.