Петре Шилегов може да ветува засадување на стотици, како што тој ги нарекува, школувани дрва. Но, тој не може да избега од вистината дека неговите урбанистички планови – се планови за тотална бетонизација на секое квадратно место зелена и спортска површина, рече денеска Стефан Андоновски, член на ИК на  ВМРО-ДПМНЕ.

Пред некое време ја информиравме јавноста дека со Регулацискиот план З – 04, Шилегов планира да уништи дел од спортскиот центар „Борис Трајковски“ за таму да подигне згради. Во планот на Шилегов се уништуваат тениските терени, терасата од базенот Карпош, картинг-патеките и околното зеленило. Булеварот кој го планира Шилегов ќе поминува на само 10 метри од базенот во СЦБТ.

Со печат од Градот и Општината, Шилегов сака да обезбеди милионски суми профит за неговите бизнис ментори.

Финансиска бонбона бизнис на сметка на спортот и зеленилото во Скопје.

Но, според нови информации, планот на Шилегов за бетонизација на овој дел на Скопје не го вклучува само уништувањето на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Како што се гледа на сликата зад мене, која е исечок од регулацискиот план на Шилегов од 2019-тата, јасно е дека двете фудбалски игралишта на овој простор прераснуваат во дел за домување.

Жолтата боја означува дека во овој дел Шилегов планира нови згради. Нови бетонски чудовишта.

Со планот на Шилегов, згради ќе се градат на теренот на ФК „Локомотива“ со трибините, другото фудбалско игралиште, но и сите околни зелени површини.

За да им удоволи на бизнис олигарсите кои стојат и зад неговата, и зад кандидатурите на сите кандидатите за градоначалници во цело Скопје, Шилегов е подготвен да го бетонизира секој слободен квадратен метар во Скопје.

Нема место за тениски терени, нема место за фудбалски игралишта, а место останува само за мегаломанските идеи за бетонска џунгла на Петре Шилегов.

Новото мнозинство во Советот на градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, се обврзува да ги ревидира овие планови и да спречи БИЛО КАКВА изградба на згради кои би уништиле постоечки спортски објекти или зелена површина.

Новиот ГУП кој заедно со граѓаните ќе го донесеме во 2022 година, нема да предвиди рушење на ниту еден метар квадратен корисна површина за спорт, рекреација или дел од животната средина во Скопје.

Нема да дозволиме бизнис интересите на олигархијата во Скопје да надвладеат на потребата на граѓаните од здрав живот, спорт и чист воздух.

На 17-ти октомври ќе победат скопјани над олигархијата и криминалот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.