Град Скопје е оставен во огромни долгови од расипничкото владеење на СДСМ. Петре Шилегов остава долг од 160 милиони евра по најразлични основи. Буџетот на градот е оставен на милост и немилост на добавувачите, рече на прес конференција Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Прва и најголема ставка се идни обврски по веќе склучени договори од страна на Шилегов, како и доспеани и недоспеани обврски од 58 140 000 евра. Тоа значи дека градот веќе должи над 58 милиони евра за договори кои Шилегов нелегитимно ги склучувал за во иднина. За кога знаел дека нема да биде градоначалник. Тука спаѓаат трошоци за рекламирање, анкети, невладини организаци блиски на Шилегов, непродуктивни трошења. Дел од овие обврски, како што беше предновогодишното китење на градот, новата градска администрација успеа да ги скрати. Но, остануваат сериозни суми средства кои во понатамошниот период ќе треба да се исплаќаат. Понатаму, 11 380 000 евра се веќе наменети за отпочнати постапки за склучување на договори по однос на јавни набавки во 2021 година. Градот Скопје има склучено и вкупно 7 договори за заем и можности за идни кредитни задолжувања и тоа 4 договори со Светска банка, 1 со ЕБРД и 2 договори со домашни комерцијални банки и сите тие во вкупна висина од 32.082.374 евра. Тука спаѓаат кредитите за мегаломанските проекти за мостот АСНОМ кој води до приватни домови и дворови. Проектот за Момин поток каде што нема никакво решение за откуп на приватно земјиште, куќи и стопански објекти. И проектот без проект – Бас Рапид Транзит – кој предвидуваше рушење на паркови, опасност за водоснабдувањето на Скопје и хаос во сообраќајот. Само овој последниот проект, освен 70 милиони евра кредит, не предвидуваше дополнителни средства за изградба на потребниот мост помеѓу Карпош и Влае, за дислокација на водоводни цевки, за дополнителни сообраќајни решенија потребни за реализација. Ова се пари фрлени во воздух. Без никаква реална добивка за граѓаните. Со сите овие расходи, доспеани и недоспеани обврски и кредити од банки се во вкупен износ од 158 милиони 196 илјади 797 евра. Ова се пари кои можеше да се наменат за реални проекти од кои бенефит ќе видеа сите граѓани. Вака, никој сѐ уште не може да знае каде се се трошеле парите на граѓаните, истакна Андоновски.
Почитувани, најавуваме дека за трошењето на сите средства на градот се води темелна внатрешна ревизија. Доколку се утврдат неправилности, поранешниот менаџмент на градот и јавните претпријатија ќе сносат одговорност во согласност со закон. Парите на граѓаните не смее да се трошат на непотребни желби и хирови на носителите на власта, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.