Бесплатен јавен превоз ќе има!, порачува Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакнува дека досегашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов имал четири години шанси да обезбеди брз, достапен, евтин автобус, без гужви кои шират Ковид 19, но не направил ништо за да се решат овие проблеми.

Бесплатниот автобуски превоз, заедно со другите мерки од програмата на #Данела ќе доведе до намалување на сообраќајниот хаос, но и почист воздух и намалување на загадувањето. Тоа е приоритет за скопјани.

 

Пари има. Зашто новата градска администрација нема да вдомува стотици квази-невладини активисти како некојси експерти, и да троши стотици илјади евра за поткуп на маркетинг агенции и истражувачки куќи кои го фалат Шилегов.

 

Нашиот проект ќе биде поевтин од прескапата утопија на Шилегов со која предвидува уништување на паркот во Ново Лисиче, уништување на зеленилото и водоводот на Партизанска и бетон на булеварот кај Народна Банка. И да го реализира Шилегов, проектот за транспорт ќе донесе повеќе хаос отколку зеленило.

 

Свесни сме дека за луѓето на Шилегов, визионерски и храбри проекти се незамисливи за реализација.

 

Затоа и време е да си одите.

 

Вакви проекти веќе има во десетици места во Европа – од Естонија па до Франција. Ветивме дека Скопје ќе стане модерен европски град и тоа е нашата мисија. Така ќе ја создадеме новата иднина за нашиот град – вели Андоновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.