Мерките не се почитуваат и бројот на новозаразени од вирусот во Скопје расте. Како што соопшти министерот Филипче, најголема концентрација на нозаболени има во Чаир, Сарај, Гази Баба, Бутел и Аеродром. Можно е дури и повторно воведување на рестрикции во овие општини.

Тој доаде дека до крајот на неделава ќе се анализираат бројките и потоа ќе се донесат мерките за ограничување.

Сега не се решивме на тоа бидејќи уште сметаме дека ова е посебна варијација, но будно ќе ја следиме состојбата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

На прашањето дали и како е можно да се воведе карантин во скопските општини – Сарај, Гази Баба, Чаир, Бутел и Аеродром, Филипче одговори дека има начин и тоа да се направи.

Тој карантин би бил по примерот на Дебар – ограничување на движењето на дел од градот и во рамките на регионот. Не мислиме дека треба да се воведе полициски час туку мерки во одредени региони, но ако тоа покаже анализа, Ако се почитува превентива нема да треба полициски час. Новозаболени се од познати кластери, но има и 30 отсто од новозаболените кои се заразиле преку контактот со кластерот, рече Филипче.

Тој додаде дека за утрешната седница на Советот за безбедност Комисијата за заразни болести ќе се предложи продолжувања на вонредната состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.