Прв чекор пред носењето на ГУП-от, да се заврши катастарот на урбано зеленило и да се изработи Стратегија за урбано зеленило, која ќе ги резервира и заштити сите простори за урбано зеленило, за да дојдеме до 25 м2 по жител.
Многу сме против регулациски планови што ги носи Градот, зашто со нив се цепкаат урбаните чтврти и се нарушува концептот на консолидирани соседства. Во едно такво соседство треба да има градинка, училиште, пазар, амбуланта, културен дом, за да се намали потребата за патување, за да се зголеми одржливоста на урбаната мобилност и да се намали сообраќајниот метеж. Според плановите на Градот Скопје, има сериозен расчекор помеѓу роковите за финализирањето на катастарот и Стратегијата за урбано зеленило и на ГУП-от, информираат од тимот на Ана Петровска, независната кандидатка за градоначалничка на Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.