Граѓанската иницијатива за Пржино заедно со Ана Петровска се борат против бетонски чудовишта, а за еколошка населба. Против грдосии од згради на ерозивен терен, кајшто падна потпорен ѕид, при нефункционална инфраструктура и поплавени улици, со руиниран општински центар.

Во Пржино урбаната мафија измислила иновација: како на место за индивидуални станбени куќи да никнат станбени згради. Се ситни градежната парцела и на секоја се прави по една куќа. Во стварност добиваме бетонски чудовишта! Само кога ќе се почитува правото за хумано живеење, само тогаш Скопје ќе може да дише! Скопје мора да биде зелен хуман град!

 

Да го одбраниме Пржино заедно! – категорична е Ана Петровска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.