Скопјани го бранат својот град!
Граѓаните на Гази Баба заедно со Ана Петровска се борат против дивата депонија Јурумлери, која е една од многуте покрај Вардар. Таа се прави со знаење на општината Гази Баба, која наместо да ја исчисти, самата фрла отпад, за да не плати прописно депонирање во Дрисла. На оваа локацаија се истура и талог од септички јами на приватни куќи од оваа општина, што депонијава ја прави уште поголемо жариште на зарази, во време на пандемија.
„Има решение и тоа е заедничка работа на Градот Скопје, општина Гази Баба и ЈП Водовод и канализација “, децидна е Ана Петровска. „Депонијата мора да се исчисти, стави под видео-надзор и трајно да се зазелени. Куќите да се приклучат кон канализациската мрежа, а потегот покрај Вардар да се претвори во континуиран линиски парк со велосипедска улица.
Скопје мора да биде зелен хуман град!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.