Нов асфалт врз стариот, а нема атмосферска канализација, градење и легализација на куќи без Детален урбанистички план, до повеќето куќи нема пристап за противпожарно или амбулантно возило. Ова се само дел од проблемите на жителите во скопската општина Шуто Оризари, а на кои ќе се ориентира програмата на кандатката за градоначалничка на градот Ана Петровска од Зелен хуман град.
Потребен е системски пристап за решавање на проблемите со кои се соочува ромската заедница, а тоа подразбира паралелно решавање на домувањето, проблемот со личните документи на луѓето т.н. фантоми, но и образование и преквалификација за вработување. Достоинствен живот може да се обезбеди преку соработка на Градот и општините и Центарот за социјални работи.
Социјалната правда не смее да му служи на популизмот, туку да обезбеди еднаков старт и резултат за сите, почнувајќи и водејќи сметка за најранливите граѓани. Градот и државата не треба да заборават дека Шуто Оризари е дел од Скопје. Рамномерен развој е дел од агендата на зелените политики за кои се залагаме. Скопје мора да биде хуман град, вели Петровска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.