Улиците низ Скопје чии имиња беа сменети со македонски револуционери и битни настани, повторно ќе си ги вратат имињата. Така, по вторпат ќе се менуваат таблите за „Аминта Трети“ повторно да стане „Ленинова“, „Јордан Мијалков“ – „Железничка“…

Едно од моите предизборни ветувања беше враќање на идентитетот на Скопје. Ги враќаме старите имиња на добро познатите скопски улици, пишува скопскиот градоначалник Петре Шилегов,

Овие се само дел од нив:

Сите идни промени на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје, согласно Законот за определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, предвидено е да се црпат исклучиво од новата надополнета листа со 571 име на, како што велат од Град Скопје, истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.

Големa контроверзија се неколку од планираните имиња, припадници на Призренска лига и основачи на идејата за Голема Албанија:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.