Девојка од Скопје со свој Фејсбук статус упати порака до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ да размислат дали нешто треба да се смени, по нејзината објава каде раскажува како денеска ја тепал припадник на единицата алфи за непрописно паркирано возило пред градинка во Дебар Маало. Имено девојката во својот статус пишува дека возилото на нејзинот брат со трепкачи било паркирано пред градинката како што пишуваа таа само две минути се со цел, господинот да си го остави детето во образовната установа и да се врати назад. Но го затекнала несакана глетка, возилото било кренато од пајак службата која немала разбирање за човекот при што барале да се плати 1500 денари, а поради инсистирањето возилото да не се одземе пајак службата повикала Алфи. Братот како што пишува таа го повикал татка си за да му го донесе износот да плати, а со него пристигнала и девојката која се обидела да ги разубеди да го спуштат возилото, па била физички нападната, целата ситуација била набљудувана и од страна на полициски службеници кои како што пишува девојката не реагирале воопшто.

Интегрален текст:

Пајак на Град Скопје крева возило на трепкачи пред градинка во д.маало, кое стои помалку од 2 минути. Доаѓа пајак и се спрема да го крене. Брат ми се враќа и им кажува дека оставал дете во градинка, а нема ниедно слободно паркинг место, морал да застане пред градинка 2 минути. Секојдневно деца се оставаат и земаат на ист принцип-пошо нема обезбеден простор за таа намена.. али има иљада кафичи и зграда у зграда плански изградени… Пајак момците продолжуваат да ставаат канџи и да го креваат возилото. Брат ми се јавува дома да донесеме 1500, пошо му бараат толку да ја спуштат колата. Доаѓаме јас и татко ми. Продолжуваме сите пред пајак возилото да се расправаме и објаснуваме… спомнуваме дека вака ревносни не се во чаир нит према тие со големи коли паркирани пред кафичи… полицијата стои со раце в џеб и гледа, а пајак вработените немаат слух за нашето објаснување. Повикуваат алфи (подоцна разбрав дека се алфи…којзнае колкава опасност сме за општеството…алфи еееј алфи дојдоа!!!) да се справат со едно девојче, пензионер и дечко без мускули.. тотално ненасилни… алфите не затепаа, присилно не исповлечкаа да не тргнат.. да не стои пајакот, да може да го однесе возилото и да се врати по уште.. полицијата продолжи да стои со раце во џеб.. пошо не се они сервис на граѓаните, па да се замешаат.. уште и едниот џандар ни рече како денот му е супер.. и покрај тоа што јас уплакана му кажував дека треба да се има разбирање за одредени животни судбини и ситуации. Ама него денот му бил супер, толку многу супер што нема време ни да заштити граѓани, нит па да проба да размисли за тоа што му го кажувам.
И така испотепани, си ја земавме колата од пајак служба и си плативме.
Вака делува како да е ова Швајцарија, нема нигде пикавец, а за непрописно паркирани ич да не зборуваме. Пее сообраќајот во земјава.
Претходните беа насилни во бомбите шо ги слушав.. а овие на своја кожа ги осетив. Додека пишувам, уште ми жежи грбов, и ги осеќам тупаниците на алфа мажот што сигурно е горд на себе, посебно денес, што успешно се избори со девојче од 52 кила!
Oliver Spasovski Петре Шилегов Саша Богдановиќ еве, ве тагнав.. ако имате време и не ви е супер денот ко на полицаецот, прочитајте шо се дешава док се топлите у фотељите и размислете дал нешто треба да се смени!

фото:Архива



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.