Новоизбраниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска од Државната изборна комисија го доби Уверението.
Градоначалник е само функција, а јас ќе бидам човек кој како градоначалник ќе биде секогаш тука за вас. Тоа ви го ветив во кампања, тоа го повторувам и со добивањето на уверението од Државната изборна комисија. Од денеска, Ѓорче Петров го има и новиот Совет на општината, кој ќе треба и мора да работи само во нејзина корист и никако поинаку, вели Стојкоски.
Стојкоски освои победа во првиот круг од локалните избори одржани на 17 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.