Момче на социјалната мрежа „Тик ток“ објави видео како ја вознемирува и се изживува врз лавицата Бела во скопската Зоолошка градина.
Албанецот и лавот го плаши, пишува во описот на видеото, а во позадина се слуша смеата на неговите пријатели.
ЗОО најави пријава во полиција и зголемување на обезбедувањето.
Во Скопје ЗОО доаѓаат прекрасни посетители, нашите вработени се постојано на терен, но некогаш и една минута е доволна за некој несовесен да го направи ова, прекачен преку заштитните огради во делот кој е забранет за посета. Снимателот и лицето од видеото ќе бидат пријавени во полиција, а Зоо Скопје отсега ќе има и дополнително обезбедување. Нема да дозволиме никој да ја загрози благосостојбата на животните! Лицата ќе одговараат за ова дело, велат од ЗОО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.