Според информациите кои пристигнаа до нас, пред околу час и половина наш набљудувач беше попречен во вршење на својата должност со употерба на физичка сила, велат од институтот „Аксиос“.

Имено, станува збор за инцидент кој се случил во селото Бојане. Нивниот активист при обидот да влезе и да го следи изборниот процес, бил физички нападнат од повеќе лица.

Активистот е овластен од страна на Државната изборна комисија непосредно да ги следи Локлните избори 2021. Истиот во моментот кај себе поседувал легитимација и овластување доделени од страна на ДИК.

Бараме итна реакција од институциите, со цел воспоставување на ред и да се запази законитоста на изборниот процес.

Ваквите настани создаваат лош углед за демократијата во нашата земја, а воедно се загрозува уставното право на граѓаните да имаат слободен избор и легитимно право на надзор врз избирачкиот процес, велат од „Аксиос“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.