Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.150 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања, информираат од Град Скопје.
Оттаму ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата. Жителите на Скопје може да аплицираат онлајн.
Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01 јануари 2020 година, до завршувањето на повикот на 30 ноември или до денот на исцрпување на средствата.
На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ, објаснуваат од Град Скопје.
Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.