Се отвори денот, се зголеми и интересот за гласање. Граѓани во цела Македонија масовно ги полнат избирачките места. Ниту вестите за гужви и неработење на апаратите за отпечаток не ги поколебаа жителите на скопските општини да излезат на своите избирачки места и да гласаат.

Репортерот на Република ги забележа овие фотографии во Центар и Ѓорче Петров, општини во кои излезноста е висока.

Фотографии и информации од други изборни места и општини го потврдуваат истото. Голем е интересот за гласање и во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.