Со приближувањето на локалните избори, град Скопје, во обид да се прикаже дека нешто се работи, почна да врши реконструкција на пешачките патеки во градскиот парк во Скопје.
Иако поголемиот дел од патеките низ двата дела на паркот не се многу оштетени и не им е потребна целосна обнова, ширум паркот се прават нови масивни бетонски патеки.
Притоа, веројатно во брзање што повеќе да се заврши пред изборите, воопшто не се внимава на на тоа како новите патеки ќе се вклопат во новата околина.
Така, тие се речиси десетина центиметри повисоки од старите патеки со кои се поврзани, но и со околната трева, што создава скалило кое е опасно за минувачите, кои со само мала невнимателсност додека шетаат или возат велосипед, може да не го забележат, да го утнат при стапнувањето и лошо да си го извиткаат и повредат глуждот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.