Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) вечерва ја продолжи предизборната кампања во Сингелиќ, општина Гази Баба, презентирајќи ја листата на кандидати за советници во оваа општина.

Пред присутните се обратија претседателот на ДУИ, Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби и носителот на листата кандидати за советници, Сафет Адеми.

Претседателот на ДУИ Ахмети пред присутните додаде дека приоритет на ДУИ е унапредувањето на кадарот и неговото школување.

„Имавме обврска да ја имплементираме и работиме за нашата програма која го дефинираше меѓународниот договор што го потпишавме, ДУИ пред се јас како нејзин лидер, го имав приоритет унапредувањето на кадарот, нивното школување и нивната специјализација, затоа што така мислев дека придонесувам за нацијата за конкурирање со структура во Брисел и Вашингтон. Исто така, и за предизвиците во институциите во насока на водење на државата, затоа што не сакав да се посрамотиме како нација туку да покажаме вредности и конкуренција, бидејќи кога работиш и го затвораш поглавјето на јунаштвото, започнува поглавјето на мудроста “ , рече градоначалникот во својот говор на ДУИ Али Ахмети.

Првиот вицепремиер Груби за време на својот говор пред присутните нагласи дека сега фокусот е ставен на гасификација, изградба на пруги, дигитализацијата итн.

„Ми претставува огромно задоволство да ги видам во толку голем број нашите сопартијци и ова ме потсетува на собир од 2013 година, кога претседателот одлучи да се кандидираме за Градот Скопје, имаше голема мобилизација за тие избори, освојувајќи рекорден број 31 илјади гласови и овој дух продолжува и денес, а истите ќе се редат заокружувајќи ја бројката на ДУИ. Денес му го вративме на Сингелиќ она што му го имаме земено и имаме кадри кои го обелуваат лицето не само на ДУИ, туку и на сите Албанци. Ние изработуваме проекти кои целиме да ги спроведеме две децении. Пред два дена го имавме претседателот на Бехтел кои беа за да го изградат Коридорот 8, а во исто време го градиме патот до Блаца, додека пред неколку недели го поставивме камен -темелникот на булеварот Хасан Приштина. „Фокусирани сме на гасификација, железници, дигитализација, канализација и водоснабдување во сите населени места, а тоа е ДУИ, партија која се оживува како феникс“, истакна во својот говор првиот вицепремиер Груби.

Носителот на листата на кандидати во општина Гази Баба од редовите на ДУИ, Сафет Адеми истакна дека ќе работат со најголема сериозност за подобар живот за граѓаните во новиот мандат.

„Самото учество на највисоките претставници на ДУИ ја потврдува поддршката на нашата изборна програма за овие локални избори. Нема да зборуваме и нема да се занимаваме со минатото туку со иднината. Само ќе кажам дека минатото е време да се каже „му реков, ми рече“, сега е време за проекти. Имам право да кажам дека мојот тим изработи платформа со која ќе работиме во следните четири години “, рече носителот на листата кандидати за советник Сафет Адеми.

Демократската унија за интеграција учествува на овие локални избори со 19 кандидати за градоначалници и 35 листи за советници. За време на деновите на кампањата, сите градови, општини и населени места ќе бидат посетени за да ги запознаат кандидатите за градоначалник и општински советници.

ДУИ утре ќе ја продолжи кампањата во општина Велес каде ќе ја презентира листата за советници и во Чашка каде ќе го претстави Суат Шаќири кандидат за Чашка и листата за советници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.