Претседателот на ДУИ Али Ахмети на партиски митинг во Чаир им порача на граѓаните да го гласаат актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. Според него, тој навистина вредно работел и заслужува нов мандат.

Ахмети го стори истото и во Сарај пред неколку дена. Во својот говор пред жителите на Сарај, лидерот на ДУИ повика покрај кандидатот на ДУИ, Блерим Беџети и листите за советници, да се гласа и кандидатот на коалицискиот партнер, кандидатот на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за град Скопје, Петре Шилегов.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.