Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин минатата недела склучил договор со маркетинг агенција вреден 73.000 евра за да ги информира аеродромци што ќе сработи за нив, но и да ги едуцира за одговорно граѓанско однесување, објави ТВ 24.
Имиџот на градоначалникот и општината ќе го гради агенцијата „МККАН“. Иако на веб страницата на Аеродром стои дека за односи со јавност се задолжени 7 лица, од општината за телевизијата одговориле дека имаат тројца, кои нема да добијат отказ, туку им бил потребен „дополнителен стручен сервис оти општината продолжува да работи со голем интензитет и има обемна програма“.
Програмата е обемна и опфаќа активности и проекти од повеќе области. Општинската администрација е задолжена за реализација на програмата, додека улогата на професионалната маркетиншка агенција е преку нивните креативни, стратешки и експертски услуги да овозможи дополнителна поддршка за уште поефикасно креирање, организирање, информирање, презентирање и вклучување на граѓаните во сите тие активности, проекти и акции, одговориле од Општина Аеродром.
Според договорот Агенцијата ќе треба да пишува соопштенија, да изработува презентации, да пушта покани до медиумите за настани, да прави листа од можни прашања од медиумите за Марин, но и да ги смисли неговите одговори.
Покрај организација на настани, кампањи, Агенцијата треба да се грижи и за протоколот на градоначалникот. Да му подготви предлог начин за обраќање и движење на Марин на јавните настапи. Да смислува содржини за Општината на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“. Во 18 ставки во договорот е наведено се што треба да сработи за да добие 73.000 евра за една година, или во просек по 6.000 евра месечно.
Целиот текст ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.