Бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.069. Од нив во Скопје се 2.983. Од скопските општини најмногу активни случаи (денеска, по завршување на епидемиолошките анкети) има во Аеродром 592, во Карпош 479 и Центар 476.
Следува скопската општина Гази Баба 353, Кисела Вода 332, Ѓорче Петров 240, Чаир 134, Бутел 122, Илинден 49, Сопиште 25, Сарај 23, Петровец 20, Шуто Оризари – 17, странци 14, Чучер Сандево 11, Арачиново и Зелениково по 9, Студеничани 6, нераспределени – 72.
Се полнат и болничките капацитети во Скопје. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Тука хоспитализирани се вкупно 108 пациенти, а тоа значи дека се полни и модуларното одделение. На кислородна поддршка се 80 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.