Скопската општина Аеродром со 103 активни случаи во моментов има најмногу заболени од ковид во градот. Во последните 24 часа во Скопје се регистрирани 46 нови случаи со ковид-19 од вкупно 166 на ниво на држава.
Во Скопје има 744 активни случаи, а со нераспределени осум случаи, податоците за секоја општина одделно во скопскиот регион покажува оти Аеродром во моментов е единствена со над сто активни случаи – 103.
Во останатите општини состојбата е следна:
Чаир – 90
Кисела Вода – 85
Карпош – 80
Гази Баба – 78
Центар – 78
Ѓорче Петров – 40
Бутел – 52
Шуто Оризари – 29
Студеничани – 28
Сарај – 22
Арачиново – 14
Илинден – 13
Петровец – 8
Сопиште – 7
Чучер Сандево – 3
Зелениково – 2
Странец – 8
Нераспределен-4
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.