Адвокатот Јанаки Митровски, јавно го прозва Никола Наумоски, шефот на Кабинет на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за кого вели дека во лажно го обвинил оти „земал пари од тендер“.

Митревски овјаснува дека нема ништо спорно и скриено дека тој работел за ЈП „Лајка“, при што допдава дека се уште не му е целосно исплатен хонорарот за сработеното.

Никола Наумоски да беше промил писмен колку што се дереш нервно по вработените во Градот ќе знаеше дека од 2014-15 адвокатски услуги се тргнати од јавни набавки, што значи повторно лажеш дека „сум лапал без тендери“.

 

Не е никаква тајна дека од ноември 2020 до 01.04.21 ја застапував ЈП „Лајка“. Не лапав туку се изнаработевме ко коњови шесторица од канцеларија, само за месец февруари имавме 110 судења за „Лајка“ во 20 работни дена и за тие пет месеци му спасивме на „Лајка“ нешто над три милиони денари – нема на што, добредојден си.

 

Поголемиот дел од хонорарот кој божем го лапав сеуште не ми е платен, за да може да има за тебе и остали паразити – реагира Митровски.

Тој додава дека дека неговиот договор не е продолжен поради директен притисок од Наумоски, но и од секретарот на градот, од кого добил барање без какво било прашање да вработи две лица што му биле посочени.

Инаку договорот не ми е продолжен под директен притисок на Никса кој хистерично и се дереше на директорката зашто ме ангажирала.

 

Човекот од 2013 има патолошка мржња према мене, а зашто тоа е интимно, како и под директен притисок на секретарот на градот кој на телефон отворено бараше од мене да запослам две лица што она ќе ми ги кажела кои, бидејки така си ги перцепираат претпријатијата, како своевина. Ако сакаш и снимката ќе ти ја пуштам Ники, до толку си се чуствуваше жената слободна! – вели Митровски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.