Во однос на реакциите во јавноста по објавениот текст за сигурносниот проблем со отворен иотлифт во катната гаража „Смилевски конгрес’’, од АД за стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката велат дека тој бил насилно отворен од страна на непознати сторители.
Лифтот кој што е споменат е еден од двата во катната гаража „Смилевски Конгрес’’. Не е во функција поради проблем со достава на дел за негова поправка. Постапувајќи согласно сите безбедносни протоколи лифтот беше затворен и соодветно означен дека е вон употреба. Веднаш по утврдување на проблемот, нашите служби интервенираа и повторно го затворија и соодветно го означија лифтот, откако претходно утврдија дека истиот е насилно отворен од страна на непознати сторители. Посочуваме дека станува збор за вандалски чин кој можел да предивика сериозни последици. Дополнително ќе се превземат мерки за поголема безбеност на просторот, велат од АДСДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.