Најголемите подземни паркинзи во Скопје се оние на Градски ѕид, кои се запуштени и не се користат.
Кандидатката за градоначалничка на Центар Наташа Котлар има план да ги врати во живот така што општината финансиски ќе ми помогне на станарите да ги претворат во модерни и безбедни паркиралишта.
Надземните паркинзи, смета Котлар, не се соодветно решение за Центар, затоа што зафаќаат простор и не го раззеленуваат градот.
Уште веднаш ќе започнеме со градба на два подземни паркинзи од најмодерен тип во Дебар Маало и Пролет за вкупно 400 возила. Ќе има место за оставање велосипеди и полначи за електрични возила. Горната површина ќе биде послана со тревни површини за разни содржини.
Подземните паркинзи изградени за градски ѕид сега се нефункционални, запуштени. А има вкупно гаражи за 800 возила. За да ги оспособиме, ќе субвенционираме врати на делечинско управоување, а осветлувањето и исфрлувањето на шутот ќе бидат целосно на товар на општината, вели Наташа Котлар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.