6,5 тони суви лисја и гранки, парчиња искршена пластика, хартии и друг отпад беа собрани од дворот на Градежниот факултет, соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Овој шут кој досега беше разнесен во кругот на факултетот не треба да е наше секојдневие. Општината го исчисти иако тоа е обврска на институцијата. Одржувањето на хигиената е нашиот приоритет но мора да работиме заедно и локалната самоуправа, институциите и граѓаните. Да бидеме внимателни да го одложуваме отпадот онаму каде што треба и да им олесниме на хигиеничарите побрзо да го исчистат сметот од сувите лисја. Сите придонесуваме за здрава и чиста животна средина, заедно за чист Центар, порача Герасимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.