Петстотини педесет и еден корисник на ЈП „Водовод и канализација“ ја искористиле можноста добиена со акцијата на комапнијата спроведена од 17 јуни до 31 јули за наплата на долговите за физички и правни лица на рати и без камата.
Во рамки на акцијата за наплата на долговите на рати без камата, која заврши на 31 јули (петок) можноста ја искористија 551 корисник и се потпишаа исто толку договори. Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е 36,5 милиони денари – се наведува во соопштението од ЈП Водовод и канализација.
Од претпријатието апелираат до своите корисници редовно да ги подмируваат своите долгови и разумно и рационално да ја употребуваат водата, да бидат одговорни и да се однесуваат совесно во однос на заштитата на водоснабдителниот и канализацискиот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.