Дрвја високи 14 метри ќе се садат во големото корито на Вардар во Скопје. На отчетот кој го имаше  Петре Шилегов за  за двегодишното работење како градоначалник најави садење на 400 дрвја долж кејот, на потегот од хотелот „Александар Палас“ до мостот Гоце Делчев за ‘наесен кога ќе шетаме покрај Вардар тоа да биде под сенки‘.

Според Шилегов садењето на дрвја во големото корито нема да претставува опасност при излевање на Вардар.

Се консултиравме со Министерството за животна средина и добивме дозвола за зазеленување на овој дел. Дрвјата нема да претставуваат никаква опасност при евентуални поплави“, вели Шилегов.

Шилегов најави и дека напролет ќе почне пошумувањето на Водно во делот каде што беа исечени дрвја заради изградба на регионалниот гасовоод за Тетово и Гостивар.

Спецификацијата за тендерската документација е направена. Во соработка со Шумарскиот факултет ги договоривме видот и типот на дрвјата, како и локациите кои треба да бидат пошумени. На пролетно садење очекувам да се пошумува Водно. На средина сме на изработка на студија на Водно која не се однесува на природата туку планината да биде дел од активното живеење на скопјани, со изградба на велосипедски и пешачки патеки, зиплајн, адреналински парк, без притоа да имаме девастација на растителниот и животинскиот свест“, рече Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.