Револтирани родители чии деца се згрижени во градинката „Кочо Рацин“- Бели Мугри (Водно) во  Општина Центар со допис до нашата редакција побараа одговор од наделжните институции за несаканата состојба во која се најдоа нивните деца пред стартот на септември. Родителите раскажаа дека група „Мечиња“ која претходно броела 18 деца од оваа година е зголемена на 40 деца при што е потенцирано дека истите ќе бидат сместени во 40 м2. А исто така без известување до родителите ќе биде сменет и кадарот кој се грижел за дечињата, потег за кој родителите сметаат дека е голема грешка.

На оваа жалба „Република“ пред стартот на учебната година побара одговор од општината, а оттаму денеска велат дека наводите на загрижените родители не се вистина.

Не е вистина дека децата ќе престојуваат во 40м2 туку ќе користат две простории, секоја по 50 м2 со две купатила само за таа група. Групата брои 40 запишани деца, а според статистиката од претходната година присуството на тие деца се движи во просек 20 – 30 деца на дневна основа, стои во одговорот на О.Центар.

Родителите реагираат и на недоволно кадар во групата за соодветна грижа со 40 деца. Бидејки според нив немањето кадар би значело ограничување на слободното движење на децата.

Групата функционира со три вработени, непречено ги користи гореспоменатите простории и холот на градинката, велат од општината.

 

На прашањето: Зошто е дозволено смена на учителките во групата со оглед на тоа дека се работи за ранлива возраст на деца, истите се навикнати на начинот на работа на учителките и љубовта која ја примаат од истите? Од општината со одговор:

Овие се деца кои веќе се адаптирани, скоро сите деца доаѓаат во градинка повеќе години, во кој период имале можности да се запознаат со сегашните учителки и да поминат подолго време со нив. Сите учителки се професионалки, кои имаат ист начин на работа и ист начин на несебично давање на љубов, објаснуваат од Центар. Од таму истакнуваат дека Кадарот ќе биде распореден според планот на раководството на градинката, кој е креиран согласно потребите за успешно функционирање и организирање на целата установа.

 

Родителите порачаа дека доколку овој проблем не се реши ќе преминат на бојкот, и децата нема да ги пуштаат во градинка.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.