Новите европски ракометени прваци Вардар ќе слетаат во Скопје во 18.50 часот. Тие со посебен чартер лет финансиран од Град Скопје попладне поаѓаат од Келн во 16.30 часот, а во Скопје треба да слетаат во 18.50, објави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје! Поаѓаат од Келн попладнево во 16.30. Слетуваат во Скопје во 18.50. Да ги пречекаме достоинствено нашите европски шампиони. Без делби и поделби.
Спортот обединува.
Се гледаме вечерва на градскиот плоштад „Македонија”, објави на фејсбук Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.