Термичка дисперзија во котлините во Македонија, меѓу нив и Пелагонија, огревни дрва и јаглен, но и гуми и пластика, големите мермерни комбинати и други компании што експлоатираат мермер и гранит, се причина што висината на ПМ10 честичките во Прилеп викендов достигнаа 1.611 микрограми на кубен метар. Ова вчера го изјави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, објави „Факултети.мк“.
Ова се први информации од мерната станица во Прилеп, која била поставена непосредно пред Нова година.
Мерната станица има опсег на околу 300 до 400 метри. Тестирањето ќе се врши 90 дена, а дури по калибрирањето, мерната станица ќе врши точни мерења на концентрацијата на штетните честички.
– Како лекар, знам што значи оваа загаденост за граѓаните, астматичарите, за децата, за хроничните болни и што значи да дишат чист воздух… Мерни станици ќе има на сите поголеми комбинати. Мора да знаеме кој и колку загадува за да се преземат соодветни чекори – рече
Јованоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.