Професорката по уставно право и голем активист против уставните измени, денеска заработи кривична пријава за „Фејсбук“ статус. Поканата за во полиција ѝ ја доставиле тројца полициски службеници, пред нејзините малолетни деца.

Професорката нагласи дека Власта продолжува преку удбашки методи да се пресметува со политичките неистомисленици.

Полициските методи на сеење страв ви се единствениот пријател што остана да го брани вашиот тоталитарен стил на владеење.

СО ПРИТИСОК НЕМА ДА МЕ ИСПЛАШИТЕ!

МЕ ПРАВИТЕ УШТЕ ПОСИЛНА!!!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Пријавата за нејзиниот статус доаѓа од Хелсиншкиот комитет.

Еве со кого си имам работа. Треба уште муабет?, вели професорката, споделувајжи ги имињата на членовите на Собранието и на Управниот одбор на комитетот.

Во исто време веќе подолго време Саше Ивановснки Политико продолжува да шири омраза и нетрпливост токму на оваа социјална мрежа.

Не само што на Столе Стоилов треба да му се одземе националниот дрес, туку треба и целосно да се забрани да се бави со професионален организиран спорт. И целосно го разбирам бесот на албанските граѓани, новинари, активисти, тие имаат целосно право да возвратат на овие свињарии на вмровското националистичко куче, Столе Стоилов. А Столе, ако сака да биде националистичка свиња, нека се бави со ракомет аматерски, и во потоа на социјални мрежи нека манифестира вмровштина колку што сака, тоа демократски треба да му биде дозволено, пишува Ивановски во текстот на „Мактел“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.