Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигна во Владата каде што без посебни почести беше пречекан од премиерот Зоран Заев и владинини министри. Пред Владата не беа интонирани македонската и грчката химна, што е невообичаено при посети од ваков тип.

Од Владата велат дека речиси сите протоколарни свечености биле изоставени затоа што доцнел авионот на Ципрас.

Поради доцнењето при слетувањето на авионот беа изоставени протоколарните свечени активности при дочекот, со цел да се добие време за исполнување на работната агенда, велат од Владата.

Ципрас и делегацијата што го придружува околу 9:40 часот со владин авион пристигнаа на аеродромот Скопје. Го пречека вицепремиерката и минисерка за одбрана Радмила Шекеринска, по што се упати кон Владата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.