Наспроти шпекулациите дека во Унгарија престојувам во луксузен хотел во кој плаќам огромни суми за престој, можам да кажам дека само првите еден – два дена бев во хотел и тоа далеку од таков луксузен за каков се шпекулираше. Потоа ми беше помогнато од мои пријатели и на тој начин го решив ова прашање, односно престојувам кај нив, изјави поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски во своето прво интервју по бегството и политичкиот азил кој го доби во Унгарија за ТВ Стиел.
Тој исто така на даденото прашање одговори дека откако е таму, немал средба со премиерот Виктор Орбан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.