Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска во посета на Струга одржа прес-конференција на која кажа дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто останува на своите ставови. Промената на името и идентитетот не ги признаваат и тоа никогаш нема да го прифатат.
-Oд друга страна ќе ги преземеме сите правни механизми во однос на Законот за јазиците и како што веќе најавивме ќе поднесеме кривични пријави за Талат Џафери и директорот на Службен весник, меѓутоа исто така ќе поднесеме иницијатива до Уставниот Суд за преиспитување на уставноста на истиот закон, рече Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.