ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните и денеска излезе на марш со граѓаните.

– Република Македонија тоне во црнила. Црнила на демографски план, црн воздух, зацрнето стопанство, оцрнето здравство, црнила на секое поле во општеството поради неспособноста на СДСМ. Република Македонија е зацрнета и тоа го чувствува секој еден граѓанин, без разлика на неговата верска, етничка, политичка или било каква друга припадност. Ветуваа живот за сите, донесоа црнила за сите. Токму затоа ВМРО- ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои не се согласуваат нашата држава и понатаму да тоне да ни се придружат на протестниот марш денес, од 19 часот од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија – велат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.