И така, Македонски народ веќе нема да постои, туку поединци кои ќе одлучат во личната карта да им пишува Македонец/ка, го коментира професорката Биљана Ванковска постигнатиот договор меѓу Беса и премиерот Зоран Заев што беше услов двајцата пратеници од Движење на Биљал Касами да обезбедат двотретитнско мнозинство за изгласување на уставните измени.
Тоа е тоа што го сакаа и добија Грците. А онаа теза на Ципрас дека не’ спасува од Голема Албанија е голема иронија и цинизам на еден бивш левичар. Ова што сега го добија како концесија Албанците, го прогнозирав во ТВ дебата на ТВ Алфа.
Дури и без оваа фарса, тоа се подразбираше за оние кои знаат да го читаат Преспанскиот договор, пишува Ванковска на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.