Зачудувачки е за мене зошто толку време СЈО чекаше да го побара случајот Монструм за да го преземе во своја надлежност, ако уште пред или непосредно по самото објавување на таканаречените бомби беше речено дека постојат неовластено снимени разговори кои што зборуваат за овој случај, смета Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, во вечерашното гостување во емисијата Топ Тема на Ваша страна на телевизија Телма.

Тој смета дека одлуката на Врховниот суд за укинување на пресудата за Монструм била поради неправилна проценка на некои докази од страна на јавното обвинителство и судот, односно како што кажа Вангеловски предметот е вратен на повторно судење од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

За овој случај премиерот Зоран Заев неколку пати во опозиција изјавуваше дека има „бомби“ за овој громорозен случај, за подоцна истиот да се предомисли од позиција на власт и да изјави дека нема никакви докази, со што си поигра со трагичната судбина на свирепоубиените момчиња на Смилковското езеро.

Од страна на граѓаните имаше бурна реакција каде што порачаа правдина за овој случај и побараа да не се манипулира со овој немил настан од страна на премиерот Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.