Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека се преземаат голем број и проекти за подигнување на безбедноста во сообраќајот.

Како што вели Спасовски, во текот на 2021 година треба да се реализира модерно решение, кое вклучува поставување камери за следење на сообраќајни прекршоци на целата територија на државата.

Само 5 дрегери за алкотестирање имавме во цела држава и 8 апарати за мерење на брзина (радари). Моравме да набавуваме нови. За камерите, пак, кои се поставени сега во земјава, тие се во функција на државна безбедност. Во 2021 ќе реализираме камери за сообраќајни прекршоци, на територијата на цела држава, софистицирано модерно решение. На сите автопатишта, регионални патишта ќе има камери. Камерата го праќа сигналот до софтерот и во 2021 очекувам тоа да профункционира – изјави Спасовски во емисијата „Студио 10“ на тв 24.

Тој додаде дека секој што ќе направи сообраќаен прекршок ќе мора да си ја плати казната и дека нема да има попуст за никого

Пробале многу да се јават за кинење казни, но кај мене не може да помине тоа. Јас сметам дека ако сме одговорни, тоа не смееме да го дозволиме. Заев, Филипче, Николовски, но и мојот татко си платија казна кога направија сообраќаен прекршок. Ги охрабрувам полицајците да го санкционираат секој прекршок – вели Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.