Интервју со кандидатот за градоначалник на Општина Петровец од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Митевски…

Колку проекти се планирани за вашата општина?

Митевски: Општина Петровец значително се изгради во претходните 12 години, се градеше во сите сфери во образованието се градеа училишта и спортски сали, во социјалната сфера, се направи детска градинка за згрижување на деца од предучилишна возраст. Се разви индустриската зона во која што се вработија голем дел жители на општина Петровец. Новата изборна програма 2021-2024 година е прозивод на долгогодишна соработка со сите граѓани и нуди решенија и проекти за подобар живот на сите граѓани во општина Петровец. Во програмата се планирани бројни проекти за подобрување на условите за живот на сите луѓе во нашата општина.

Колку и кои ќе бидат први на листа за реализација?

Митевски: Први на листа за реализација ќе бидат следниве пет проекти: Прво, општината се обврзува да изгради културен дом кој што ќе биде место на значајни културни и уметнички настани и случувања. Културниот дом е планирано да биде изграден во населеното место Петровец и ќе овозможи културен и социјален напредок на ѓраѓаните од сите населени места.

Второ, изградба на детски градинки во населените места Ржаничино и Долно Коњари. Овие детски градинки ќе овозможат подобрување на економскиот стандард кај граѓаните бидејќи ќе има можност за престој и згрижување на нивните деца додека родителите се на работа. Трето, изградба на спортска сала во населеното место Огњанци за потребите на наставата по физичко и здравствено образование на ООУ ,,Кочо Рацин‘’ подрачно училиште Огњанци. Оваа спортска сала ќе биде особено значајна за психо-физичкиот развој на учениците и јакнење на нивниот дух и тело. Четврто, се предвидува изградба на пречистителна станица за отпадни води при што со нивната реализација ќе биде решен проблемот со загадувањето на реките. Петто, пешачка – велосипедска патека со хортикултурно уредување и осветлување на населените места Петровец и Ржаничино во должина од 2 км. Оваа патека ќе овозможи рекреација и релаксирање на граѓаните со што ќе се подобри квалитетот на живот и користење на слободното време.

Колку планирате да реализирате за време не 4 годишниот мандат?

Митевски: Сите наведени проекти планираме да ги реализираме во наредниот четири годишен мандат.

Од кои начела ќе се водите при работата?

Митевски: Во изминатиот период докажавме преку посветена и одговорна работа, како може нашата општина и сите населените места, од рурална да прерасне во урбана општина.

Продолжуваме со политиките кои што ќе придонесат за економски силна општина Петровец, пристоен дом за повозрасните и повеќе можности и перспективна иднина на младите.

Досегашните реализирани проекти се потврда и дополнителен мотив за нас да продолжиме и во наредните четри години кон градење на силна општина.

Со граѓаните, заеднички, продолжуваме да ја градиме општина Петровец за сите луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.