На вчерашната седница на советот на општина Битола, советникот Иван Чулакоски од Поинаку остро реагира за Програмата за животна средина која е напишана на 4 листа хартија без никакви конкретни и радикални мерки за справување со аерозагадувањето во градот.
Оваа програма покажете му ја на некој родител со дете со малигна миоплазма, да видите тој што ќе ви каже! Ова не е програма, ова се четири ливчиња кои ќе останат во некоја фиока. Нас ни требаат итни мерки, одма, не за 2-3 години, луѓе умираат вие се смеете, рече меѓу другото советникот.
Чулакоски е истиот советник кој лани на говорница се појави со безбол палка. Тој беше еден од предводниците на протестите за почист воздух во Битола, а вчера вети дека ќе има нови протести, но далеку посилни од претходните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.