Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери на почетокот на денешната пленарна седница ја констатира оставката на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

Тунтев не ја образложи својата оставка. Вчера беше објавено дека тој ќе ја преземе функцијата директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Неговото место во пратеничките клупи го зазеде Рубин Земон, кој беше посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации на премиерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.