Поради снежните веавици жителите на скопското село Црн Врв, општина Студеничани се блокирани во своите домови. Патиштата се непроодни и затрупани со снег. Телефонски некои од жителите денеска ја повикаа општината Студеничани на помош. Во селото моментално се блокирани 150 жители.
Оваа состојба трае од средата попладне и никој досега не дошол и не нè контактирал. Моментално сме блокирани бидејќи во Црн Врв има 120 сантиметри снег. Од општината немаме ништо. Се јавивме ни рекоа дека со тек на време ќе пуштаат екипа, но нема ништо. Не знам што мислат тие, дали мислат дека тука има луѓе! Моментално во селото има 150 лица. Засега имаме струја и храна“- изјави Сабедин Бафтјари, Жител на Црн Врв преку телефонцка линија.
Освен Црн Врв, тамошните жители велат дека е блокирано и нивното соседно село Елово. За ваквата состојба е информирана општината Студеничани. Градоначалникот Азем Садику вели дека комуналното претпријатие постојано е на терен, но не успеале да го исчистат патот кон затрупаниот регион, па ангажирале приватно претпријатие.
Вчера ангажиравме машина за да го чисти тој пат. И денеска продолжуваат со работа и кон крајот на денот патот ќе се исчисти. Општина Студеничани е многу ограничена со средства и нам ни одблизу не ни стигнуваат парите што ги добиваме за одржување на патиштата. Некако се снаоѓаме и со сите наши капацитети се бориме за да немаме блокирани населени места“- рече Сабедин Бафтјари, Жител на Црн Врв преку телефонцка линија.
Инаку, поради врнежите од снег од вчера не е извршена ниту редовната замена на полицајците на караулата во Танушевци. Според МВР, се преземаат мерки тоа да се направи што поскоро. Припадниците на пограничната полиција сепак имаат доволна храна и се во постојан контакт со централата на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.